сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Неделков: Најавеното покачување на минимална плата не е реално

Неделков: Најавеното покачување на минимална плата не е реално

Јаким Неделков, претседател на СОНК при гостување со „Стадион“ на „Канал 77“ посочи дека најавеното покачување на минимална плата не е реално, таква плата ќе има само кога ќе се создадат соодветни економски услови во нашата држава, а кои сега ги нема.

Што се однесува до вакво зголемување на минимална плата на национално ниво, сметам дека во Македонија може само тогаш коа ќе се создадат економски услови, само тогаш кога националниот приход толку ќе се зголеми и соодветно на него ќе се зголеми минималната плата, појасни Неделков. Неделков додаде дека деновиве, но и изминатите месеци граѓаните се изнаслушаа шпекулации во однос на зголемување на минималната плата во Македонија до 15,16.000 денари.

Но тоа личи на лицитирање кој повеќе ќе даде, нададе или кој повеќе за себе ќе собере политички или пак синдикални поени. Зголемувањето на минималната плата, растот мора да се темели на две основи. Врз основ на пораст на бруто националниот доход во државата, раст на производството, надворешни инвестиции, збогатување на приватниот сектор, автоматски раст на платите на работниците и итн.

Прибирање на даноци што исто така е многу важно. И на крај да се дојде до издржани бројки кои што ќе бидат буквално издржани, кои што нема да бидат само статистика туку ќе биде нешто друго, истакна Неделков. Неделков рече дека спротивно на законот е да се зголемува минималната плата, а останатите плати во јавниот сектор да остануваат исти.