петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Неделен извештај: Промена на старосната граница на заболени, најмногу новозаразени на возраст од 40-49 години

Неделен извештај: Промена на старосната граница на заболени, најмногу новозаразени на возраст од 40-49 години

Министерството за внатрешни работи го објави неделниот извештај од Институтот за јавно здравје за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Според податоците, се забележува промена во старосната граница кај новозаболените, односно најголем број од заболените се на возраст од 40-49 години.

-Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели при што најголем процент се лица помеѓу 40–49 години 21,1%, потоа лица над 60 години 20,6%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,4% и кај лица од 50-59 години – 19,7%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,2%, и од 10-19 години – 3,5% од вкупниот број на новозаболени, се наведува во извештајот.

Според објавените податоци во период од  13 до 19 јули 2020 година направени се вкупно 8161 тестирања (1834 помалку од периодот 6–12 јули што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1038 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 35 случаи помалку од претходната недела.

Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39.9%) и во Штип (14,4%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Коронавирус