недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Неделава средба Заев-Ахмети, „метлата“ на министрите ќе биде наскоро позната

Неделава средба Заев-Ахмети, „метлата“ на министрите ќе биде наскоро позната

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го чека премиерот Зоран Заев да се врати од Словенија за да разговараат за претстојните кадровски промени. Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека средбата на двајцата коалициони лидери најверојатно ќе се случат во текот на неделава. Тој рече дека преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите, пренесува тв21.

-Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати-вели Бектеши.

И од СДСМ велат дека наредниве денови се очекува да се одржи средбата Заев Ахмети и дека ќе многу скоро ќе биде објавено во кои министерства ќе има промени.

-Се што има да се каже јавно, секоја одлука која ќе биде донесена во однос на средбите и во однос на промените ќе бидете навремено запознаени. Најавена е средба во следните денови, не можеме да шпекулираме од овде сега, кога ќе се најави ќе бидете известени.-изјави портпаролот Костадин Костадинов.

 

Коронавирус