сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Недела на падови и соочување со реалноста: Македонија со хибриден режим, најкорумпирана во Европа и со најмали плати

Недела на падови и соочување со реалноста: Македонија со хибриден режим, најкорумпирана во Европа и со најмали плати

Македонија на врвот на табелите, но само во негативна конотација. Речиси со ниту еден успех не можеме да се пофалиме, лидери сме само во поразителни статистики.

Како држава бележиме пад од 13 места на ранг листата на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција во 2019-та година.

На 106-то место, нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет.

Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.

Земји со најниско ниво на корупција се Нов Зеланд и Данска, со освоени 87 поени, а потоа следуваат Финска (86), Сингапур (85), Шведска (85) и Швајцарија (85).

Земјите кои се најдоа на дното на табелата се Сомалија, Јужен Судан и Сирија со оценки 9, 12 и 13, соодветно. Овие земји внимателно ги следат Јемен (15), Венецуела (16), Судан (16), Екваторска Гвинеја (16) и Авганистан (16).

Ниту претходно, во 2018-та година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018-та година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот.

Со ова темпо на СДСМ и Зоран Заев, Македонија за неколку години би го допрела дното на ранг листата.

„ЕКОНОМИСТ“ го потврди режимот во Македонија: Во нашата држава не владее демократија туку хибриден режим

Македонија е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што вчера го објави „Економист“.

Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018-та година.

Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан.

Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.

Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!

Со ова најново истражување, странците дефакто го пуштија Заев низ вода и го прогласија за диктатор! Националната фондација за демократија  скратено (НЕД) е американска непрофитна организација која се бави со мека моќ и е основана во 1983 година со наведената цел за промовирање на демократијата во светот. Финансирана е првенствено преку годишна распределба од американскиот Конгрес во форма на грант доделен преку Американската агенција за информации (УСАИА), односно од американската држава, а се шпекулира дека е во тесна соработка со разузнавачката агенција ЦИА.

Создадена е според Програмата Демократија како двопартиска, приватна, непрофитна корпорација и, пак, делува како фондација за грантови. Покрај програмата за грантови, НЕД исто така го финансира и едитира Списанието за демократија, Светското движење за демократија, Меѓународниот форум за демократски студии, програмата за стипендии „Реган-Фаскел“, мрежата на институти за истражување на демократијата и Центарот за меѓународни медиуми како и Интернационалниот Републикански Институт ИРИ, Националниот Демократски Инстут НДИ.

Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.

Македонија во 2019-та со најнизок раст на платите во регионот!

По шлаканиците во низа – прва од влијателниот „Економист“ кој ја рангираше Македонија во земји со хибриден режим, следуваше веста за падот од 13 места на листата на светски етаблираната „Транспаренси интернешнл“ во однос на перцепцијата на корупцијата во светот, а веднаш по неа во низа и црната прогноза на еминентната ЕСИ дека земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ најрано во 2030-та година. Вклучително и Македонија, се разбира.

Следна вест која пристигна е дека Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион во минатата година. Информацијата е од македонскиот ДЗС во координација со регионалните национални заводи за статистика.

Последни сме со само 3,8% раст. За споредба, соседна Бугарија има 10,4% зголемување на просечната плата во 2019-та.

Мицкоски: Криминалот си има сопствена држава!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на „Транспаренси“ изјави дека први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија.

-Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим како што они викаа, постоеше криминал ама во 2015-та Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана, денеска кога имаме слобода нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, а денеска сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Сме биле подобри од Бугарија, Грција, Албанија, Босна, Косово, истакна Мицкоски.

 

Коронавирус