среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Не веруваат дека е самоубиство: Семејството на лекарката Масин ќе бара дополнителна истрага

Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9 мај минатата година, со повреди по телото. Наводно, телото го пронашол нејзиниот сопруг, лекар на истата клиника.
Не веруваат дека е самоубиство: Семејството на лекарката Масин ќе бара дополнителна истрага

Семејството на починатата лекарка Јелка Масин не е задоволно од истрагата на Основното јавно обвинитество и ќе бара дополнителна истрага.

Ова за НОВА го потврди нејзината сестра која рече дека многу се вознемириле од резултатот од истрагата, за која дознале од информацијата на НОВА.

Семејството смета дека прво тие требало да бидат известени, но досега никој ниту ги известил ниту ги контактирал.

-Крајно сме незадоволни како е водена истрагата. ОЈО требаше прво нас, како семејство да не известат. Никој досега не не викнал,  ниту од МВР, ниту од Обвинителство. На сослушување беше повикан само сопругот. Кога прашувавме и баравме одговори ни беше кажувано дека случајот е многу замрсен, дека има сомнеж за самоубиство, но дека повеќе личи на убиство. Дека не е „ниту риба, ниту девојка“, изјави за НОВА, Марија Димитровска Масин, сестра на починатата лекарка Масин.

Таа тврди дека се околу смртта на најзината сестра е многу мистериозно и дека целата истрага е водена лошо и многу чудно.