недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Не се виновни советниците на Заев, виновен е тој бидејќи нема ништо сработено и ги нема исполнето очекувањата на граѓаните

Не се виновни советниците на Заев, виновен е тој бидејќи нема ништо сработено и ги нема исполнето очекувањата на граѓаните

Новинарот во Слободен Печат Љубиша Николовски во денешното гостување во емисијата Само вистина се обиде да ја одбрани неспособноста на владата на СДСМ, изјавувајќи дека СДСМ никогаш не знае да владее ниту со медиумите, ниту со граѓаните а ниту пак со ПИ-ар.
СДСМ никогаш не знаел да владее. Не знае да владее со медиуми и со луѓе, ниту со ПИ-ар. Никогаш ниту сега. Љубиша Николовски

Но, според аналитичарот Сафет Бишевац за ваквата состојба во Владата на СДСМ и Зоран Заев не е виновен ПИ-арот, туку дека влада на СДСМ и Зоран Заев не ги исполнила очекувањата на граѓаните, потенцирајќи дека и покрај тоа што Заев има цело министерство од луѓе кои се грижат за ПИ-арот немаат ништо сработено.

Генералната оценка за нивното владеење е дека не се исполнети очекувањата. Ако немате правда во државата вие немате ништо. СДСМ продолжува да демонстрира, полициска неказнивост во државата. Работата не дека има лош ПИ-ар туку затоа што ништо не е направено. Не е ПИ-арот крив за тоа што не е сработено иако премиерот Заев има цело министерство, многу луѓе, но очигледно дека имаат објективен проблем, не може вие од црно да направите бело затоа што некој сака таму. Туку треба да сработите нешто, смета Бишевац.

Коронавирус