вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Не се планира полициски час или карантин: Филипче смета дека овие мерки се доволни

Не се планира полициски час или карантин: Филипче смета дека овие мерки се доволни

Засега не се размислува за воведување на полициски час, ниту викенд карантин, вели министерот за здравство Венко Филипче. И покрај објавите во дел од медиумите дека неделава членовите на Комисијата за заразни болести ќе разговарале за ограничување на движењето во ноќните часови, од 21 до 5 часот наутро, министерот на став дека состојбата со коронавирусот се следи, а мерките кои Владата ги донесе очекувал да дадат резултат.

-За сега сметаме дека овие мерки се сосем доволни, еве и оваа дополнителна рестрикција за забрана за групирање. Во следниот период ако се почитува ќе даде соодветни резултати, вели Филипче.

Од денеска на сила е нова антикорона мерка – забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, која ќе важи за целиот ден. Мерката има за цел да го ограничи групирањето во градските паркови каде традиционално се собираат големи групи на млади луѓе. Но таа нема да важи за зелените пазари и јавниот превоз каде според надлежните веќе имало протоколи за работа.

Алармантна е состојбата низ болниците ширум земјава. Капацитетите се речиси преполни, а пациентите кои се лекуваат дома, помош бараат преку социјалните мрежи. Министерот пак вели, голем дел од апелите за лекување не биле вистинити.

-Апелите за помош кои што ги гледаме и ние на мрежите апсолутно директно ги комуницираме за да видиме за што станува збор. И не секогаш се виситина. Ги комуницираме луѓето, прашуваме каде имале проблем, каде се сместиле? Многу луѓе на своја рака одат и се лекуваат во приватните болници. Еве и сега има слободни болнички кревети во сите интерни клиники кои што се целосно мобилизирани, кадарот, капацитетот ослободен да лекуваат пациенти со Ковид, додава Филипче.

Најнови вести

Локални избори 2021