сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Не можеше да дише, се мачеше 2 дена“: Се истражува смртта на жената од Струга која почина од коронавирусот

„Не можеше да дише, се мачеше 2 дена“: Се истражува смртта на жената од Струга која почина од коронавирусот

Основното јавно обвинителство Охрид ја истражува смртаа на 66 годишната стружанка, која е четврта жртва на коронавирусот во земјава.

Обвинителството по допрен глас отворило предмет, како што се наведува во соопштението, за за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот COVID 19.

-Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата, се вели во соопштението на Обвинителството.

Се додава дека Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​

Министерството за здравство вчера соопшти за смртта на 66 годишната жена. Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на завчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите завчера, пациентката не е примена во болница.

Инаку, семејството на починатата стружанка за Телма изјавија дека им рекле да ја донесат кога ќе има позитивен тест.

-Не можеше да дише се мачеше жената два дена, а преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на коронавирусот, вели за Телма, Али Теља, зет на починатата жена од Струга.

Немљуне Ибраими (66) е четвртата жртва на коронавирусот во земјава која почина чекајќи ги резултатите од тестот. Таа во четвртокот била однесена во болницата во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар. Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.

Тие пак, резултатите не ги добиле, туку вчера усно им било соопштено дека починатата и нејзиниот сопруг се позитивни на тестот, додека зетот и ќерката негативни.

Од вчера семејството повторно ќе биде во самоизолација, иако биле две недели откако беше утврдено дека имале контакт со заразено лице.

Тие биле на гости во Дебар кај д-р Илбер Кокале, за кој подоцна се утврди дека е заразен со вирусот заедно со неговите колеги од педијатрија.

Коронавирус