понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Не може да го обвините Тимоние доколку не сте покажале доволно реформи внатре во државата

Не може да го обвините Тимоние доколку не сте покажале доволно  реформи  внатре во државата

Професорот по меѓународни односи и поранешен амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски, на денешната емисија на Алфа телевизија,  истакна дека претставниците на владата не можат да ја обвинуваат Франција, затоа што треба консензус од сите држави членки, а и таа е една од највлијателните држави , и основач на Европската унија.

Професорот  Наумовски исто така истакна дека оваа влада фрли се на една карта, а тоа промената на името, со цел да се одблокираат евроатланските процеси. Но многу тешко можете да ја подадете вашата успешна приказна во Европската унија, доколку не ги имате исполнето сите ваши домашни задачи.

-Неодржувањето на средба со францускиот претседател Макрон покажува дека Франција оценила дека не е моментот да се сретне со наши претставници затоа што има сериозни забелешки, вели Наумовски.

Тој вели дека погрешно е да се верува дека промената  на нашето уставно  име е доволно за да направиме чекор напред имајќи предвид  дека година и полина добивавме сериозни забелешки од страна од Франција и од други европски членки. Сега во изминативе денови и холандскиот амбасадор имаше сериозни забелешки за овдешните реформи особено во правосудтсвото и јавното обвинителството.

-Мене ми се невкусни сите овие напади и кон Франција како држава и врз Макрон како претседател и врз амбасадорот Тимоние, не можете да го обвините Тимоние доколку не сте покажале доволно  реформи  внатре во државата, вели Наумовски.

Тој исто така посочи дека сите овие напади кон амбасадорите ќе бидат конрапродуктивни, и истите треба да се насочат кон напредок во сите оние полиња во кои постојат сериозни забалешки. Сите амбасадори се преполни со информации за постојната корупција во држаавта, ние не можеме да ги скриеме тие проблеми под тепих.

 

Коронавирус