сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

„Не ја скршив намерно вратата во судот“

„Не ја скршив намерно вратата во судот“

Никола Митревски- Кољо, еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април демантира дека скршил врата во судот по завршување на последното рочиште, како што тооа го пренесоа дел од медиумите. Според него, тоа е медиумска хајка против него и останатите обвинети, полна со невистини и измислици.

Митревски преку својот адвокат испрати писмо во кое објасни што се случувало по судењето.

-Постојано некои медиуми се обидуваат да не претстават во поинакво светло за да го оправдаат прогонот што ни се врши. Не е точно дека сум се однесувал насилно и дека сум предизвикал инцидент кршејќи ја вратата од судот. Тоа може да го појасни и полицијата која асистира при спроведувањето. Се работи за обична случка до која дојде без никаква намера, која што може да ја потврди и командирот задолжен за спровод. По завршување на судењето , откако не наредија во колона, рацете ми беа врзани зад грб. Во еден момент се обидов да ги поткренам панталоните и изгубив рамнотежа по што удрив во вратата. Тоа го виде и командирот задолжен за мене и само ме праша дали сум добар. Инцидент каков што сакаат да претстават дел од медиумите немаше. Доколку е потребно ќе се извинам што сум се сопнал, но би потенцирал дека најмалку што сакам е да дојде до прекин на судскиот процес. Јас верувам во правдата и сакам вистината за овој прогон да излезе на виделина. Дека е тоа така, говори и фактот што на 28 март , самиот се пријавив во полициска станица и покрај тоа што сум свесен за тежината на делото кое што ми се ставаше на товар и запретената казна. Знам дека обвинението кон мене нема основа, а тоа се гледа и од двајцата сведоци кои досега поминаа. Ниту еден од нив не посочи кон мене и покрај тоа што немав маска кога се случија настаните во Собрание. За крај ценам дека јавноста и судскиот совет треба да биде информирана во каква нечовечка атмосфера ни се судиЗа ручек добиваме по едно парче леб и сирење, а за вечера леб и мармалад. Тоа се условите и третманот кон нас како обвинети. Се надевам дека оваа изјава ќе биде објавена за да се разобличат дезинформациите во јавноста, вели Митревски.

Коронавирус