недела, 26. септември 2021. Вести денес: 33
home Вести

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Сончево и натпросечно топло, температури до 43 степени

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Сончево и натпросечно топло, температури до 43 степени

Сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.

Коронавирус