сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 8
home Вести

Не го злоупотребувајте телефонскиот број 193!

Не го злоупотребувајте телефонскиот број 193!

Во Македонија беснеат голем број на пожари, во повеќе градови.

Во текот на вчерашниот ден, скопската Пожарна примила 29 пријави за пожари на територијата на главниот град. На 22 ликации имале интервенција, а за 7 пријави се покажало дека се лажни.

-За жал, треба да се напомене дека во време кога низ целата земја се соочуваме со голем број на пожари, кои нанесуваат голема материјална штета, како и непроценлива штета на флората и на фауната, а имаме и човечки жртви, во текот на вчерашниот ден имавме и 7 лажни пријави на пожари, информираат од Град Скопје.

Апелираат до сите граѓани во овие тешки времиња да се однесуваат одговорно и да не го злоупотребуваат телефонскиот број 193, бидејќи во случаи со пожар секоја секунда е важна и истата може да загрози или да спаси нечиј живот.

Коронавирус