петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Не ги почитувал препораките на Владата, па му го затвориле објектот

Не ги почитувал препораките на Владата, па му го затвориле објектот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

На 09.06.2020 околу 22.00 часот, полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат при општина Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Тетово, каде управител бил пријавениот, и констатирале дека објектот бил отворен и во внатрешноста биле затекнати гости кои биле послужени со пијалаци.

Пријавениот не постапил според прописите на одлуката на Владата, која се однесува на „протоколите за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти“, поради што угостителскиот објект бил затворен.

Коронавирус