понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 18
home Вести

Не е по оставките, а сака да ги ветува- Заев ветуваше и во 2016 оставка, по убедливиот пораз не се повлече

Не е по оставките, а сака да ги ветува- Заев ветуваше и во 2016 оставка, по убедливиот пораз не се повлече

Ветувањето за оставка не е нешто ново кога Зоран Заев е во прашање. Имено, лидерот на СДСМ пред изборите во 2016-та година излезе со ветување дека доколку загуби макар и со 1 глас разлика, ќе си поднесе оставка, но тоа не се случи.

-Во вакви околности ако имаме регуларни, фер и демократски избори јас сум убеден дека ќе победиме, но ако изгубиме јас истата вечер ќе ја поднесам мојата оставка од сите политички и општествени функции и ќе се вратам дома на децата и семејството, тврдеше Заев.

СДСМ и Заев тогаш ја замајуваа јавноста со смешни тврдења дека партијата победила и освоила над 600.000 гласови, а не 436.981 како што преброја Државната изборна комисија. СДСМ во никој случај немаше освоено над 600.000 гласови.

Но, партијата гласовите на сите останати политички партии си ги прикажа како свои и тврдеше дека Заев ги освоил гласовите на Љубчо, Левица, БЕСА, ДУИ и ДПА, иако сите овие партии сами излегле на избори и ги освоиле гласовите.

Коронавирус