недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Не е лажна вест: „Принцот“ Чернетиќ на Заев му дал безусловна поддршка од „империјалното кралско семејство“

Не е лажна вест: „Принцот“ Чернетиќ на Заев му дал безусловна поддршка од „империјалното кралско семејство“

Лажниот принц Стефан Чернетиќ му даде вистинска поддршка на екс премиерот Зоран Заев. Истиот тој Чернетиќ беше дел од аферата кога Заев го прими лажниот принц и се сликаше со него и прими медал од него во просториите на Владата. Ова беше еден од најсилните гафови на Заевиот протокол, заедно со знамињата на Австрија, Порошенко, Столтенберг, знамето на Црна Гора итн.

– Денеска Зоран Заев поднесе оставка како премиер на Македонија. Империјалното и кралското семејство на Црна Гора и Македонија посакуваат да му се заблагодарат за пријателството и љубезноста на официјалниот пречек на принцот Стефан, принцезата Харула и принцот Константин официјално во Скопје во септември 2018 година. Во таа прилика, премиерот Заев беше одликуван со Најт Гранд крст и Цариградски орден на Свети Ѓорѓи од неговото Царско кралско височество. Му посакуваме се најдобро во неговите идни политички активности!- се вели во објавата на Фејсбук од лажниот принц.

Како што објавивме тогаш во 2018 година лажниот принц на официјална средба во Владата го одликува Заев од која ги објавуваме фотографиите, како и последниот пост од Чернетиќ.

Инаку, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.

Чернетиќ и’ подарил титула и на поранешната македонска мисица, Дунавка Трифуновска. Тој ја прогласил Дунавка за дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија“, или на англиски, „Dame of the Silver Medal of Saint George“.

Коронавирус