петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Не било предизборен популизам: Цароска се правда, немало ништо спорно во К-15 за државна администрација на 2 месеци пред избори

Не било предизборен популизам: Цароска се правда, немало ништо спорно во К-15 за државна администрација на 2 месеци пред избори

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска смета дека немало ништо спорно во тоа што во рамки на техничка влада и на два месеци пред избори е предвидена исплата на К-15 во колективниот договор за државната администрација што треба да го потпишат Министерството за информатичко општество и Синдикатот на УПОЗ. Царовска не гледа никаков проблем во фактот што тоа се случува на само два месеци пред оддржувањето на предвремените парламентарни избори. Не објасни ни каква би била реакцијата на СДСМ доколку ваков временски темпиран и популистички потег стореше ВМРО-ДПМНЕ во претходната влада.

Таа денеска одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако социјалните партнери увиделе дека К-15 е важно за да се обезбедат квалитетни работни места или работниците да се чуствуваат подобро, тогаш тоа било прашање кое тие заеднички го надминале.

. – Сите мерки за кои зборуваме и сите економски политики што ги спроведуваме се искреирани и се имплементираат од одреден дел од администрацијата. Сметам дека не смееме да девалвираме ниту еден работник во државата бидејќи имаме мал човечки потенцијал кој треба да биде употребен во развој на државата. Како вицепремиер ќе настојувам постојано да го поддржувам работниците кои се продуктивни и да обезбедиме можности сите плати во државата да растат, рече Царовска.

Додаде и дека рационализација на одредени институции била потребна и оти тоа е нешто за кое се разговарало и преговарало. Текстот на колективниот договор за администрацијата вчера беше утврден на владина седница. За него изминатите две години преговарале Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ.

Коронавирус