недела, 2. април 2023. Вести денес: 17
home Вести

НЕ БИЛ БЕЗДОМНИК: Кој е починатиот скопјанец пронајден утрово? (ВИДЕО)

50-годишниот скопјанец живеел сам, не бил оженет и поседувал имот во скопско село Вујковци. Најчесто се движел на локација Зелен пазар, каде е и пронајден утрово.  Според евиденцијата на МТСП  не бил  регистриран како социјален случај иако повремено доаѓал во Црвениот крст да побара помош во храна и облека.
НЕ БИЛ БЕЗДОМНИК: Кој е починатиот скопјанец пронајден утрово? (ВИДЕО)

Починато лице е пронајдено утрово во 6 часот на клупа кај Зелен пазар. Станува збор за 50-годишен маж од Скопје. Лицето го пријавиле  во полиција случајни минувачи.

Според информациите до кои дојде Сител не се работи за бездомник, а смртта најверојатно настанала поради предозираност од алкохол.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта кај лицето што е пронајдено  утрово на една од овие клупи.

50-годишниот скопјанец живеел сам, не бил оженет и поседувал имот во скопско село Вујковци. Најчесто се движел на локација Зелен пазар, каде е и пронајден утрово.  Според евиденцијата на МТСП  не бил  регистриран како социјален случај иако повремено доаѓал во Црвениот крст да побара помош во храна и облека.  Од хуманитарната организација апелираат да се работи интезивно со овие лица на кои им е потребна помош и ресоцијализација.

Откако е отворен пунктот на црвениот крст зимава, 40тина регистрирани бездомници од кои 11 жени редовно доаѓаат и ги користат услугите во објектот кај Момин поток.

Ова е прв ваков случај годинава лице да почине под вакви околности на улица, иако се работи за граѓанин кој не е бездомник. Од ресорното министерство велат  ниту оваа година ниту лани не е регистриран случај на смрт кај бездомник кој е во нивната евиденција.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение

Најнови вести