недела, 29. март 2020. Вести денес: 33
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Медиумите на СДСМ шират лажни вести: НДИ ја демантира анкетата според која Заев „има“ најголема доверба, а СДСМ „води“

Според наводните резултати, лиферувани од провладините медиуми, СДСМ водеше со БЕСА за 5% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев имаше најголема доверба меѓу граѓаните. Информациите на медиумите на СДСМ, очебијно биле лажна вест, потврди и самата етаблирана организација НДИ. Македонија е во очекување на вистинската анкета на НДИ. Јавноста пак очекува осуда од Министерството за медиуми до медиумите кои излажаа, секако и од т.н. Совет за етика и од ЗНМ поради флагрантното ширење лажни вести. 
Медиумите на СДСМ шират лажни вести: НДИ ја демантира анкетата според која Заев „има“ најголема доверба, а СДСМ „води“

„Националниот демократски институт дознава дека ограничени информации од нашето неодамнешно истражување на јавното мислење се појавија на одредени онлајн портали со логото на НДИ,“ реагираше оваа светски етаблирана организација.

Според наводните резултати, лиферувани од провладините медиуми, СДСМ водеше со БЕСА за 5% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев имаше најголема доверба меѓу граѓаните. Информациите на медиумите на СДСМ, очебијно биле лажна вест, за што потврди и самата НДИ.

Во нивниот демант се вели:

„Би сакале да истакнеме дека овие информации не се објавени од НДИ, дека се извадени од контекст и не се дел од официјалната верзија која е споделена со политичките партии. Наскоро, НДИ ќе ги објави информациите од своето истражување и ќе бидат достапни за јавноста.

Во меѓувреме, би сакале да апелираме до сите политички партии и медиумите да се воздржат од објавување неофицијални податоци кои немаат извор, особено за рејтинзи на политичките партии и лидери за време на овие тешки времиња и вонредната ситуација во државата,“ стои во демантот на НДИ.

Провладините медиуми тогаш пренесоа:

Од наши извори дознаваме дека Националниот демократски институт (НДИ) спровел истражување на јавното мислење на граѓаните (анкета), каде меѓу другото биле мерени и рејтинзите на политичките партии.

Анкетата е спроведена во периодот од 26 февруари до 5 март на 1.200 испитаници, теренски, пред започнување на кризата со коронавирусот. Како што дознаваме, на прашањето „Ако денеска се одржат избори за која политичка партија ќе гласате?“ 22,9 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 3,3 отсто помалку или 19,6 одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи предвид дека анкетата биле спроведена пред официјализирање на коалицијата СДСМ-БЕСА, за албанската партија се определиле 1,7 проценти од испитаните граѓани. Со тоа, вкупната предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ изнесува 5 проценти според истражувањето на Националниот демократски институт“ се велеше во извештаите на редица провладини медиуми, вест која испадна класична лажна вест.

Одговороста е многукратно поголема и поради фактот што се работи за лажни резултати од анкета т.е. лажирано испитување на јавното мислење, кое подлежи и под законска одговорност и кое сноси високи казни, особено што нема податоци како е извршена, на колкав примерок, од кого и во кој временски период. Вообичаено, недостигот на само еден податок од наведените со себе носи казна за медиумот.

Македонија е во очекување на вистинската анкета на НДИ.

Јавноста пак очекува осуда од Министерството за медиуми до медиумите кои излажаа (Фронтлајн, Центар, Бриф, Локално и др.), секако и од т.н. Совет за етика и од ЗНМ поради флагрантното ширење лажни вести. На потег се Поповски, Синадиновска и Чадиковски.