сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 8
home Вести

Назначен нов директор на ТОАРИЛУЦ

Назначен нов директор на ТОАРИЛУЦ

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски.

Д-р. Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.

Коронавирус