вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 61
home Вести

Наумовски: Тужбите од страна на владините претставници кон новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите

Наумовски: Тужбите од страна на владините претставници кон новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите

Професорот по меѓународни односи и поранешен амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски на денешната емисија на Алфа телевизија, истакна дека власта не прифаќа никаква критика.

-Мислам дека оваа власт како ниедна предходно не е толерантна кон критика и не прифаќа критика, било да се работи од медиумите или од останати чинители во општеството, вели Наумовски.

Тој истакна дека тужбите од страна на владините претставници кон новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите и тоа е една од областите или поглавјата за кои ние трпиме критики со години наназад.

Сведоци сме дека се тужат новинари, но кога си на јавна функција треба да се воздржите од тужби кон новинарите, она што се случува сега амбасадите и останатите институции од меѓународната заедница се добро запознаени и имаат сериозни забелешки за истото, вели професорот Наумовски.