четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 50
home Вести

Наумовски: Пред потпишување на договорот со Бугарија не биле земени во предвид сите можни последици

Наумовски: Пред потпишување на договорот со Бугарија не биле земени во предвид сите можни последици

Во денешната емисија „Детектор“ гостуваше Васко Наумовски кој на темата за договорот за добрососедство со Бугарија посочи дека при потпишување на самиот договор не биле земени во предвид можните последици кои ќе се појават по потпишувањето и имплементација.

Не е потребно само да потпишете нешто колку за да затворите едно прашање, без притоа да обмислите какви се последиците од тој договор. Јас не сум сигурен дали пред потпишувањето на овој договор биле земени во предвид сите овие аспекти и сите можни последици. Не можете да потпишете во еден договор дека имате заедничка историја, а после да бегате од имплементација на тој дел од договор каде што навистина треба да демонстрирате дека двете држави, двата народа имаат заедничка историја барем во еден одреден нејзин дел, истакна Наумовски.

Наумовски додаде дека добрососедството и пријателството со Бугарија не треба да се докажува преку договори и декларации туку со конкретни чекори.

Локални избори 2021