сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 101
home Вести

Наставниците утре НЕМА да примаат ученици: СОНК алармира дека се шират неточни информации, штрајкот е конечна одлука!

Наставниците утре НЕМА да примаат ученици: СОНК алармира дека се шират неточни информации, штрајкот е конечна одлука!

Оставивме простор со очекување дека до крајот на оваа недела ќе изнајдеме заеднички прифатливо решение со надлежните, но изгледа дека преговорите денес завршуваат. МОН не излезе со поконкретен предлог кој ние можеме да го прифатиме. Одлуката е конечна, во понеделник наставниците, учителите и другите вработени ќе бидат во предупредувачки штрајк, истакна претседателот на СОНК, Јаким Неделков во гостувањето на Тв Алфа.

-Согласно законските одредби ние смееме да организираме штрајк во установата каде што сме вработени. Се одредува една просторија, во договор со директорот каде да штрајкуваме. Штрајкуваме во текот на работното време, тоа значи дека нема прифаќање на учениците и нема реализирање на воспитно-образовни активности. Ние немаме законска можност да им кажеме на родителите да не ги пуштаат децата во училиште, тоа не е наша работа, меѓутоа логична последица е ако наставниците се во штрајк и ако наставниците не ги прифаќаат нивните деца на првиот училишен ден, која е причината нивните деца да дојдат на училиште? Има информации дека општините дале информации дека училиштата ќе бидат ширум отворени, дека ќе се прифатат учениците дека ќе има претстави и приредби за првиот училишен ден. Тоа создава забуна и затоа родителите се збунети. Јас уште еднаш кажувам дека наставниците нема да ги прифатат нивните деца и не знам на кого би ги оставиле во училиштето, истакна тој.

Челниците и членовите на СОНК деновиве се мета на голем притисок. Тој вели дека не се точни информациите дека ќе бидат примени првачињата, уште еднаш потенцирајќи дека вработените во училиштата утре нема да одржат никаква настава или собир со учениците, туку ќе штрајкуваат.

Коронавирус