недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 78
home Вести

Наставничката Штерјова за КУРИР: Целосната дигитализација како реформа во образованието е штетно, наместо да го подобри образованието ќе го влоши

Наставничката Штерјова за КУРИР:  Целосната дигитализација како реформа во образованието е штетно, наместо да го подобри образованието ќе го влоши

Просветниот работник Даниела Штерјова во изјава за КУРИР вели дека целосно ја поддржува иницијативата „учебници и настава мора да има“.

-Имено од страна на ресорното министерство се иницира реформи нели во образованието кои што лично како наставник во основно образование сметам дека се исклучително штетни особено во делот кои што се однесува на дигитализацијата на учебниците. Ценам дека оваа реформа нема да ги подобри реформите во образованието, туку напротив истите дополнително ќе ги влоши, смета таа.

Штерјова додава дека во овие моменти голем дел од учениците, па и наставниот кадар не располагаат со свој сопствен дигитален уред кој што им овозможил непречено следење односно реализирање на наставниот процес.

-Ние како наставници немаме ништо против за воведување на дигитални содржини во наставата, ние и до сега тоа сме го правеле, меѓутоа да се цели кон целосна дигитализација е непотребно, па дури и непожелно, додава таа.

Целата изјава на наставничката проследете ја во продолжение:

ЕУРО 2020

Македонија