среда, 28. јули 2021. Вести денес: 113
home Вести

Наставничка од Росоман позитивна на Ковид 19, во изолација однесе 23 ученика

Наставничка од Росоман позитивна на Ковид 19, во изолација однесе 23 ученика

Во две росомански села во изолација се 23 ученика откако кај нивната наставничка е потврдено присуство на Ковид 19, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемилог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Според информациите од Центарот во Тиквешко во последното деноноќие починаа четири лица, а новодијагностицирани се12 лица на возраст од 16 до 68 години. Починатите се на возраст од 67 до 78 години.

Од новозаразените тројца се во Кавадарци, осум во Неготино и еден во Демир Капија.

Коронавирус