петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Настанот најавен пред една недела, полицијата на готовс: Заев не можел да не знае за вандализмот и инцидентот на „Шверцерите“

Настанот најавен пред една недела, полицијата на готовс: Заев не можел да не знае за вандализмот и инцидентот на „Шверцерите“

Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи го вандалското однесување и оштетување на инвентарот на Македонскиот народен театар, што се случило во петокот по прославата на Денот на албанската азбука, изјави дека мора да има одговорност од организаторите и надомест на штета.

Сепак, Заев се правда дека не добил официјални информации за настанот.

-Секој вандалски чин е за осудување и тука нема дилеми. Иако СДСМ често бил и против таквите градби, но тоа е веќе државна сопственост, тоа е на сите граѓани, никој нема право да го крши инвентарот. Секако треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа, да се надоместат штетите, да се поправи целиот тој инвентар, рече Заев.

Тој појасни дека многу често за вакви настани се донесува одлука на Влада за да се дадат термините за организација на одредена државна прослава.

-Ова беше државна прослава за 111 години од Денот на албанската азбука, поделена во два дела. Едниот беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не била баш културна манифестација, вели Заев, посочувајќи дека тој присуствувал на првиот дел од прославата и се огради дека се уште не добил официјална информација за наводниот инцидент.

Но, дека Заев не бил информиран за настанот, е голема лага. Имено, навивачката група „Шверцери“ настанот го има најавено цела недела порано.

 

Самиот ден, според извори од МВР, специјалците се кренати на готовс токму поради настанот со „Шверцерите“.

Дознаваме дека најмалку 150 лица од ЕБР со полна опрема се испратени уште во 16:30 часот и стационирани таму до полноќ.

Дека најавата јасно зборувала за можен инцидент и хаос, говорат и информациите  дека таа ноќ на готовс биле и 30 припадници на единицата „Алфа“. Дополнително, информациите до кои дојдовме говорат дека биле ангажирани и две оклопни возила, а специјалците задолжиле и хемиски средства.

Најнови вести

Коронавирус