петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Наскоро воспоставување канонски односи меѓу македонската и албанската црква

Наскоро воспоставување канонски односи меѓу македонската и албанската црква

Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во Албанија, Васил Стерјовски информира дека заедно со македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски оствариле средби со ректорот на универзитетот “Фан Ноли”, проф. д-р Димитар Бело и деканите на факултетите при овој универзитет, со префектот на Округот Корча, Нертил Јоле како и со корчанскиот митрополит Јован.

-На средбите разговаравме за соработка помеѓу Универзитетот “Фан Ноли” од Корча со универзитети од Македонија и изработка на заеднички програми за изучување на македонскиот и албанскиот јазик, запознавање на културите на двете земји, пограничната соработка, положбата на македонската заедница во Округот на Корча, како и верскиот живот на македонската заедница од православна вероисповед во Округот на Корча, објави Стерјовски.

Стерјовски појаснил дека на средбата со митрополитот Јован посебен акцент бил ставен на канонското признавање на МПЦ-ОА, за што митрополитот изнел искрени честитки и благослов до македонските верници.

-Тој најави дека се очекува набрзо да се воспостават канонски односи меѓу Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) и Македонската, што ќе овозможи заедничко богослужење на свештеници од двете цркви, изјавил Стерјовски за МИА.

Коронавирус