четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 125
home Вести

Наскоро обвинение – кој ќе одговара за пожарот во ковид-центарот во Тетово?

Наскоро обвинение – кој ќе одговара за пожарот во ковид-центарот во Тетово?

Тетовското обвинителство лоцирало кривична одговнорност за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово минатата година, кога живи изгореа 14 пациенти болни од Ковид.

Од Обвинителството потврдуваат дека наскоро ќе има обвинение, но против кого и колку лица ќе се знае кога ќе биде изработена јавнообвинителската одлука.

-Лоцирана е одредена одговорност. Реферирано е во државното јавно обвинителство и обвинителниот акт е во завшрна фаза, а кога ќе заврши ќе бидат објавени информациите за јавноста за лицата за кои е утврдена одговорност, велат од Обвинителството.

Алсат објави дека за трагедијата ќе се гонат три физички и едно правно лице, а потоа излегоа и неофицијални информации дека за пожарот ќе одговараат здравствената установа, како и три одговорни лица во болницата, но оваа информација официјално не е потврдена.

Од извршените вештачења беше објавено дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Во пожарот изгореа 14 лица, вечерта на 8 септември 2021 година. Засега нема никаква одговорност за нивната смрт.

Коронавирус