среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Насилникот Дудуш му го чува грбот на Шилегов

Насилникот Дудуш му го чува грбот на Шилегов

27 денови поминаа откако порталот Економски Лидер ја објави аудио-бомбата за градоначалникот на Шуто Оризари, од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

Имено во бомбата се слушаше како Дудуш тепа и малтретира човек во својот кабинет, бидејќи го пцуел во центарот на Скопје.

По сите скандали кој се случија меѓу време институциите како да заборавија да го истражат насилството на Дудуш, а денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов дури и одржа прес конфенренција на која градоначалникот на Шуто Оризари стоеше зад него и условно кажано му го чуваше грбот.

Останува отворено прашањето дали Шилегов го одобрува ваквиот пристап на Дудуш со оглед на фактот што јавно со него се појавува на јавни настапи и заедно промовираат проекти.

Да не заборавиме дека Министерството за внатрешни работи, наместо да преземе конкретна акција, се обиде да го заташка случајот, односно одговорност за овој случај не е поднесена ниту од МВР, кое се обиде да го заташка случајот со тоа што пријавата на жртвата Сенат Јашар била сменета и заведена како “Поплака”

Слушнете како градоначалникот Дудуш го малтретираше човекот:

Коронавирус