сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

„Нашите деца скапуваат во гроб, имате ли душа судијо“ – oдложено судењето за Монструм!

-До кога ќе се купува време, ова е политички пазар судија, нашите деца шест години скапуваат во гроб, имате ли душа судијо, имате ли деца – беа само дел од негодувањата кои родителите ги упатија до судијата Огнен Ставрев.
„Нашите деца скапуваат во гроб, имате ли душа судијо“ – oдложено судењето за Монструм!

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

Жестока расправа полна со емоции од страна на родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро предизвика денешното второ одложување на случајот „Монструм“ откако Врховен го врати предметот на почеток и ги ослободи од притвор обвинетите, поради тоа што Катица Јанева го побарала предметот.

Коронавирус