среда, 2. декември 2020. Вести денес: 52
home Вести

НАРОДОТ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА: Се потсмеваше со починатите, па прогнозираше пик од 2 илјади заразени, денес Караџовски најавува есенски бран!

НАРОДОТ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА: Се потсмеваше со починатите, па прогнозираше пик од 2 илјади заразени, денес Караџовски најавува есенски бран!

Бројката на новозаразени лица во земјава надмина и 10 илјади лица, што ни најмалку не е очекуваната бројка и пик од 2 илјади заразени кои ги очекуваа властите на чело со министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски во април и мај годинава.

Иако според бројот на новозаразени кој е повеќе од доказ дека властите не успеаја да се справат со коронавирусот во земјава и допрва нема да се справат, сепак тие „уверуваат“ дека иако не се справиле со првиот бран ќе се справат со вториот и веќе се подготвуваат за истиот.

Иако парадоксално на изјавите на Караџовски на почетокот на епидемијата во земјава дека нема место за паника, дека населениот може да биде мирно и дека тие владееле со состојбата паднаа во вода се сегашните изјави кои по пет месеци и над 10 илјади новозаболени каде изјавува дека се подготвени за новиот бран и ветува дека до крајот на годината ќе се зголемел бројот на брисеви од 1.500 на 2.000 дневно.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за ТВ21, денеска информираше за подготовките на здравствениот систем за есенските денови кога се очекува коронавирусот, заедно со респираторните вируси, особено инфлуенцата, дополнително да ја зголемат потребата од капацитети на болниците.

Тој истакна дека Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Филипче имаат подготвено план за проширување на болничките капацитети во 16 града со формирање на ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со Ковид-19 со цел целосно да се одвојат од останатите пациенти.

„Направивме план од формирање на 16 болници, Ковид 2 болници, што е нешто слично со болницата којашто ја имаме на Инфективна клиника, во коишто ќе имаме сместувачки капацитети, ќе имаме дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во клинички центар болен со Ковид.“ – изјави Караџоски.

Дополнително тој информира дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во коишто ќе може да се прави дијагностика што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање.

„Значи на сегашните 11 институции за дијагностика планираме уште три нови што со цел да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2000 на крајот на календарската година.“ – изјави Караџоски.

Инаку минатиот месец епидемиолгот и претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, не сметаше дека треба да понесе било каква одговорност откако бројот на заразени и починати од коронавирусот во Македонија се зголеми.

Тој прво ги обвини граѓаните за вториот бран на коронавирусот, но не штедеше критики ниту за политичарите и новинарите.

-Не сум убил некој да чувствувам одговорност, сум давал стручно мислење за одредени проблеми во државата. Јас сум 27 години професионалец во 13 министерски влади кои биле претходно. Сè што работам, работам во интерес на државата, а тоа колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома, тоа јас знам, рече Караџовски.

По катастрофалното справување со коронавирусот, новинарите го прашаа Караџовски за негова одговорност, па тој се стави себеси во улога на уредник и почна да им наредува што да прашуваат и како да информираат.

-Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче-  затоа ќе  издржам, порача тој.

Тој стана дрзок кон нив и им делеше лекции како да информираат.

Инаку исто така во јуни за Караџовски кривата на новозаболени и починати е шала- се „смеевме денеска“, велеше на прес-конференција Караџовски.

-Реков дека ја следиме состојбата на двонеделен период кој што ни укажува, инциденцата на 100.000 жители, во моментов имаме, јас би го нарекол таканаречена, НА ШАЛА, СЕ СМЕЕВМЕ ДЕНЕСКА, крива која се зголемува и паѓа, па повторно се зголемува и паѓа…, рече тој!

Резил…

Смешно му било на Караџовски и цела Комисија за тоа како изгледала кривата од заболени и двата пикови на коронавирусот.

Смешно било…

Смешно!?

Оставка бе другар, и намали на доживљај кога си пред камера, не се плаши никој…

Posted by Александар Митовски on Monday, June 8, 2020

 

Граѓаните кои стравуваат за своето здравје, а особено семејствата на кои коронавирусот им ги одзема најблиските, беа шокирани и гневни по оваа изјава на Караџовски и речиси тој веќе го загуби интегритетот кај целокупното население.

Јавноста по овие подготовки на Министерството на здравство прашува само едно единствено логично прашање до Караџовски и Филипче- Дали тие биле подготвени за првиот бран, бидејќи најавуваат втор за кој се подготвуваат?

Коронавирус