недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 75
home Вести

НАРОДОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ВЛАСТА: Само 24,5% од Македонците сметаат дека државата се движи во добра насока, според 61,3% состојбата се влошува

НАРОДОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ВЛАСТА: Само 24,5% од Македонците сметаат дека државата се движи во добра насока, според 61,3% состојбата се влошува

Мнозинството граѓани мислат дека нашата земја се движи во погрешна насока, покажува анкетата спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн. Дури 54,9 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, додека 32,6 мислат дека државата оди во добра насока.

Ова истражување на јавното мислење е спроведено од 21 до 27 ноември. Добиените резултати од истражувањето се со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од 3,5%. Примерокот на испитаниците е репрезентативен на ниво на Република Македонија според регионот, полот, возраста и националноста и е изработен врз основа на официјалните податоци од Државниот завод за статистика – „Попис на населението, домаќинствата и становите 2002“.

Мнозинството граѓани мислат дека нашата земја се движи во погрешна насока, покажува анкетата спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн. Дури 54,9 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, додека 32,6 мислат дека државата оди во добра насока.

Како и обично, повозрасните се поголеми оптимисти, па така најголем процент од оние што мислат дека општата состојба оди кон подобро, односно 37,5 проценти, се граѓаните што имаат над 60 години.

Додека најголем процент од оние што мислат дека општата состојба се влошува се оние од 40 до 49 години.

Во однос на ова прашање може да се каже дека постои поделеност помеѓу Македонците и Албанците.

Дека Македонија се движи во добра насока сметаат само 24,5 проценти од Македонците, а 61,3 проценти дека состојбата се влошува. За разлика од нив, процентуално повеќе Албанци односно 47,8 отсто сметаат дека состојбата се подобрува, а 45,9 % се влошува.

Скопјаните се со најнегативна оценка за општата состојба, поточно 61,7 проценти од жителите на скопскиот регион мислат дека државата се движи во лоша насока. За разлика од нив во североисточниот регион е најголемиот процент на оние кои мислат дека состојбата оди кон подобро, односно 45,7 проценти мислат дека државата се движи во добра насока.

Целата анкета можете да ја погледнете на МКД.мк…

Коронавирус