понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

Народот не виде фајде од првите 4, Заев најави 5 ти пакет на антикризни мерки

Народот не виде фајде од првите 4, Заев најави 5 ти пакет на антикризни мерки

Досегашните четири пакет антикризни мерки од владата на граѓаните не им помогнаа многу. Со речиси 50 илјади невработени и во сиромаштија живее населението од почетокот на корона кризата во Македонија. Четирите пакет мерки не им помогнаа на граѓаните.

Антикризните пакет мерки само бројка на владата. Досегашните 4 пакет мерки беа критикувани од невладиниот сектор, стопанскатта комора, и бизнис заедницата како ненавремени, нетранспарентни и нефункционални. Мерките беа задоцнети а реализацијата целосно потфрли. Владата на Заев без реална помош за граѓаните, пакетот мерки само ПР и популистичка мерка, наместо квалитет имаме квантитет.

Потпаролот на Владата како и Заев го најавија петтиот пакет економски мерки. Душко Арсовски, на прес-конференција, потврди дека петиот сет ќе биде во слична форма на претходните.

Новиот пакет на економски мерки за граѓаните и компаниите за справување со последиците од корона кризата е се позивесен, според најавите кои доаѓаат од Владата.,Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на прес-конференција, потврди дека петиот сет ќе биде во слична форма на претходните.

„Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави Арсовски.

Премиерот Зоран Заев претходно рече дека во буџетот за 2021 има проектирано средства за државна помош и дека она што ќе биде консултација со коморите, синдикатите и сите чинители како и до сега, ќе го дизајнира и петтиот пакет на економски мерки.

„Нови пакет мерки ќе има, кризата ќе опстојува најмалку до првиот квартал. Доколку коморите сметаат дека мерката за субвенционирање на плати е добра ние ќе ја поддржиме, дополнително доколку сметаат дека други видови на мерки за нив се подобри и се поважни ќе ги разгледаме. Нашите очекувања се дека првото полугодие од следната година ќе биде и излез од оваа криза генерално и затоа е важно да се дискутира. Владата ќе развие нови пакети врз основа на социјален дијалог во кој се вклучени и компаниите и работниците преку синдикатите. До сега имаме разбирање, за одредени случаи и ние нудиме административна помош сé со цел компаниите да ги искористат средствата за плати за работници и работни места“, рече Заев.

Од Владата велат дека до сега се поддрани над 30 отсто компании со мерката за исплата на плати на работниците од 14.500 до 21.778 денари.

Коронавирус