понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

„Народот кажа НЕ на капитулацијата на Македонија, НЕ на продажбата на името, идентитетот јазикот и нацијата- Заев и СДСМ доживеаја тотално фијаско“

„Народот кажа НЕ на капитулацијата на Македонија, НЕ на продажбата на името, идентитетот јазикот и нацијата- Заев и СДСМ доживеаја тотално фијаско“

Народот му кажа НЕ на Зоран Заев и неговите антидржавни политики. Народот кажа НЕ на капитулацијата на Македонија, НЕ на продажбата на името, идентитетот јазикот и нацијата. Зоран Заев и СДСМ доживеаја тотално фијаско во нивната прослава на поразот кој го прикажуваат како лажна победа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не дадоа поддршка за дебакл прославата на СДСМ. Граѓаните масовно се придружија на протесниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци и се спротивставија на антидржавните и уништувачки политики на Заев и СДСМ. Граѓаните на Република Македонија се обединија и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против капитулантскиот договор со Грција со кој Заев ги прифати сите грчки барања на штета на македонските национални и државни интереси. Граѓаните му порачаа на Заев дека е доста за поразите и понижувањата, доста е уништување на државата на секое можно поле.  Македонија не доби ниту датум за преговори со Европската Унија, ниту безусловна покана за НАТО, стои во реакцијата на партијата и се додава:

„Македонија со СДСМ и Заев постојано уназадува и ниже порази. Економијата тоне, безбедноста на граѓаните е нарушена како никогаш досега, здравството колабира, земјоделието пред пропаст, образованието разрушено, а младите не ја гледаат својата иднина во државата. На Македонија не и е потребна ваква власт која работи против државата и сопствените граѓани. Македонија нема време за чекање. На земјата и треба економија која ќе оди напред, која ќе создава нови работни места и перспектива за сите граѓани. На Македонија и треба власт која ќе ги почитува Уставот, законите и вредносните принципи. Затоа СДСМ мора да падне за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи“.

Коронавирус