среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Народна банка не го послуша Заев – граѓаните и натаму ќе плаќаат кредити, одлуката зависи од банката

Народна банка не го послуша Заев – граѓаните и натаму ќе плаќаат кредити, одлуката зависи од банката

Екс, премиерот Зоран Заев во синоќешното издание на дебатниот магазин „Clikc Plus“ на ТВ21 најави дека комерцијалните банки следните три месеци нема да вршат побарувања од своите клиенти поради вонредната состојба, објави ТВ21.

„Резервациите кои комерцијалните банки треба да ги прават доколку ги одложат ратите во кои спаѓа главнина и камата за граѓаните и за компаниите погодени од коронавируост со директен импакт да ги одложат за април, мај и јуни односно ратите кои што треба ги плаќаат одложено, тоа значи се поместува за три месеци“, истакна Зоран Заев.

Но, на денешната вонредна седница во Народна банка ваква одлука не беше донесена. Само им се дава дополнителен регулаторен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови за постојните кредити на оние кредитокорисници – физички и правни лица, кои што пред 29 февруари 2020 година немале проблем со отплатата.

Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата.

Коронавирус