понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 34
home Вести

Нарко аферите на СДСМ- скандалот со Павле Богоевски не е прва афера на власта

Нарко аферите на СДСМ- скандалот со Павле Богоевски не е прва афера на власта

Скандалот со дрогата на пратеникот Павле Богоевски не е првата нарко афера со која е поврзана СДСМ. Партијата во минатото на повеќе наврати била позната по афери со дрога.

Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски често во јавноста беше во поврзуван за користење кокаин. Во една од најпознатите и најжестоки дебати во политичката историја, Љубчо Георгиевски зборуваше како Бранко Црвенковски користел кокаин. Црвенковски ова никогаш не го негираше, а  не се обиде ниту во дебатата.

Во 1997 година во владеење на СДСМ, а премиер беше токму Бранко Црвенковски кога шверцот царуваше, од депото на МВР исчезнаа 28 килограми кокаин. Мистеријата каде заврши дрогата никогаш не се обелодени. Во јавноста се ширеа информации дека истата завршила во рацете на криминалниот бос, контраверзниот Петрит Аме кој во тоа време важеше за многу близок соработник на тогашните владини структури.

Пред две години Сеад – Сетко Рахиќ, братот на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ,  беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и  други градови низ Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Сеад често можеше да се забележи сликан со Зоран Заев, а во медиумите се појавија информации дека Рахиќ се фалел со писма од Заев со ветувања за слобода од затвор.

Најнов од низата скандали на СДСМ е случајот со пратеникот Павле Богоевски. На социјална мрежа беше објавена снимка каде стои дека Богоевски купува кокаин. Богоевски изјави дека не купува кокаин, но потврди дека купува дрога, односно дека врши нелегални и незаконски дејствија. Иако во јавноста ова предизвика бурни реакции со барања за оставка, сепак Павле Богоевски мува не го лази и не чувствува никаква морална одговорност како народен пратеник.