среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Напукнува владината коалиција- помалите партии се оддалечуваат од СДСМ

Напукнува владината коалиција- помалите партии се оддалечуваат од СДСМ

На повидок ли е расцепување на коалицијата на Зоран Заев? Најавените предвремени избори не само што ја доведуваат во прашање неговата премиерска позиција туку му задаваат дополнителни главоболки и со коалиционите партнери. Партијата на актуелниот министер за локална самоуправа ЛДП, не прифаќа тактизирање до март за избори. Самостојно почнува со трибини со граѓаните, а не исклучуваат и самостоен настап на изборите, пренесува Алфа ТВ.

Дека коалицијата на власта е на стаклени нозе е најавата на Милевски дека на следната владина коалиција сериозно ќе му забележи на министерот за надворешни Никола Димитров да бара почитување на преспанскиот договор од грчките власти, а не товарот да падне само на македонски грб.

Ниту помалите партии кои се дел од коалицијата на СДСМ не ветуваат предизборно коалицирање, тие досега неколку пати ги менуваа партиските бои и преминуваа од десницата кон левицата и обратно во зависност од актуелните околности.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека разговарале со дел од коалициските партнери на СДСМ и дека се отворени за соработка доколку се договорат околу програмите.

Иако СДСМ и ДУИ настапија заедно на претседателските, дефинитивно ќе трчаат самостојно на парламентарните избори. Али Ахмети најави дека предизборна коалиција нема да биде од корист за ниту една страна.

По ваквите јасни сигнали дека власта оди климаво на следните избори, Заев се брани со изјави дека рано било за тактизирање.