петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 70
home Вести

Нападнат основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија (ФОТО)

Нападнат основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија (ФОТО)

Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија е нападнат денеска на пладне. Алсат М дознава дека Синадиновски е нападнат физички од две непознати лица. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивоти настанот.

Како што дознава Алсат М, Синадиновски е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром.

Синадиновски е универзитетски професор. Тој стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.

Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.

Најнови вести