сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 129
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Нападнат Дурловски: Ова е обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ (ФОТО)

Нападнат Дурловски: Ова е обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ (ФОТО)

Игор Дурловски преку статус на Фејсбук денеска објави дека бил нападнат и тоа од советникот на Зоран Заев.

-После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.
Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.
Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.
Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше…

Gepostet von Igor Durlovski am Dienstag, 2. Juni 2020

 

Парламентарни избори 2020