недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Наместо владата, ветерот ги спаси граѓаните да не дишат загаден воздух

Наместо владата, ветерот ги спаси граѓаните да не дишат загаден воздух

Денес и вчера граѓаните благодарение на ветерот се спасија од аерозагадувањето.

Изминатата седница Македонија беше во топ 10 држави во светот коишто се најзагадени. Куманово и Скопје беа градови со најголема концентрација на ПМ 10 честици, додека граѓаните се бореа со загадениот воздух, никој од надлежните не излезе и не изрече вонредни мерки додека не се пронајдат други решенија како да се справи државата со енормниот загаден воздух на подолг период, да не се повторат проблемите кои што беа присутни минатата година.

Додека се префрла вината од институција на институција, владата си доби и тужба за загадениот воздух.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) поднесе тужба пред Граѓанскиот суд против Владата, Министерствотото за животна средина и Град Скопје.

Причината е повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

„Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух. Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките“, информираат од Здружението на млади правници.

Коронавирус