сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 104
home Вести

Наместо ветуваниот нов клинички, граѓаните ќe добијат шминка на старите болници

Наместо ветуваниот нов клинички, граѓаните ќe добијат шминка на старите болници

Во предизборниот период власта на граѓаните им ветуваше дека конечно ќе отпочне изградбата на нов клинички центар кој што се ветуваше и во претходниот состав на сегашната влада. Министерот Венко Филипче беше најгласен во своето ветување за нов клинички центар дури и во секое свое интервју помпезно го најавуваше, но за жал граѓаните се уште го немаат добиено.

„Ние брзо се реорганизиравме и во рамки на тоа дури и сообраќајните проблеми се решија во кругот на Клиничкиот центар, за да се олесни комуникацијата меѓу клиниките, но тоа не е трајно решение, заради тоа што нас ни треба модерна болница, Клинички центар што ќе им служи на граѓаните и во следните 60 до 70 години“, рече министерот за здравство во своето интервју за телевизија Канал 5.

Во истото интервју министерот за здравство истакна „Проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра, нешто што сметам дека ќе биде одлична инвестиција и одлична финансиска инјекција и за целокупната економија. Веќе се започнати проектите, дел се и завршени на општината Ѓорче Петров за локалната инфраструктура, локален пат, струја, водовод итн. Така што, тоа сметам дека ќе биде навистина значајна инвестиција генерално за нашата економија“.

Сепак од ветениот нов клинички центар, деновиве граѓаните добиваат само шминка на старите клиники кои се пред распаѓање. Имено во зградата на Интерни клиники стартуваа со кречење. Иако состојбата во која се наоѓаат клиниките нема да се реши со кречење. А, за истите клиники дека се пред распаѓање предупредување и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено не добиваме никакви информации до каде е проектот за новиот клинички центар, каде ќе биде лоциран и кога мислат и планираат да ја информираат јавноста за тоа. Министре, должни сте да одговорите на граѓаните. До кога ќе се даваат пари за физибилити студии, до кога ќе чекате и ќе чека министерството извештаи од овие физибилити студии за да види дали треба нешто да работи? Ова однесување покажува само едно – покажува лош менаџмент, очекување друг да ја заврши работата, грижа за лични интереси и негрижа за граѓаните“, нагласи доктор Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа реакција на надлежните во министерството за здравство очигледно следи и по низата на укажувања од страна на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ за лошата состојба во која се наоѓа зградата на Интерни клиники.

Впечатокот е еден, граѓаните се оставени сами на себе. Наместо да се лешат во мдерни здравствени иснтитуции тие за медицинскауслуга чекаат во ходниците на рунирианите клиники.

Коронавирус