петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 40
home Вести

Наместо поттик на стопанство, Заев се фрли на распродажба на земјата или на земјоделските површини

Наместо поттик на стопанство, Заев се фрли на распродажба на земјата или на земјоделските површини

Премиерот Зоран Заев и Владата наместо да го искористат целокупниот природен потенцијал и богатства на Македонија за промоција и напредок одлучија да го стават на продажба еден од најдобрите природни ресусрси и потенцијали со кои располага Македонија, а тоа е државното земјоделско земјиште.

Заев ќе продава државно земјоделско земјиште во време кога претстои светска прехрамбена криза за да полни буџет.

„Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување“ е став на минситерот за финансии Фатмир Бесими.

Заев и владата кои ја презадолжија државата сега ќе го распродаваат еден од најважните државни ресурси, земјоделското земјиште со цел да обезбедат 200 до 300 милиони евра од продажба на 20% од вкупните површини.

Владата, преку Заев и Бесими најави продажба на државно земјоделско земјиште во наредните 3 години – 2021, 2022 и 2023. Ова распродавање на земјиштето е планирано да почне од втората половина на 2021 година. Владата планира продажба на 20 – 30% од вкупното државно земјоделско земјиште, кое според нивни проценки вреди повеќе од 2 милијарди евра.

Замјоделското земјиште е природен државен ресур кој во време на светска криза за храна во никој случај не би требало и не смее да се отуѓува. На овај начин се уништуваат дополнително и помалите земјоделици кои што не можат да си дозволат да купат големи површини бидејќи Заев и владата решиле најмала површина која ќе може да се купи да биде 10 хектари.

Земјоделското земјиште во сопственост на државата, ќе можат да го купат физички и правни домашни лица, но и правни лица со странски капитал. Купувачот има обврска да го работи земјиштето, односно да отвори нови работни места. Земјиштето не смее да се преименува во градежно земјиште. Најголеми парцели ќе се продаваат низ Пелагонија и Овче Поле. Најмала површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија