петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Наместо помош од петиот пакет, Владата со новите рестрикции ги дотепа угостителите

Наместо помош од петиот пакет, Владата со новите рестрикции ги дотепа угостителите
МИА

Угостителите кои се едни од најпогодените од кризата предивикана од КОВИД-19 сѐ уште ја немаат добиено помошта од петиот пакет анти-кризни мерки, а Владата со донесените нови рестрикци, веќе им создава нови проблеми.

Помошта која на нив и досега им беше доделувана во претходните пакети мерки не беше стразмерна на штетите кои ги претрпија од рестриктивните мерки кои ги носеше Владата, а тие се секогаш први на удар кога се носат рестриктивни мерки.
Нивната економска ситуација станува неодржлива со каснењето на петиот пакет мерки и многу од нив размислуваат за целосно затворање на бизнисот.

Со новата одлука на Владата се стави клуч на врата на угостителските објекти низ цела држава до 20 април, а како што продолжуваат високите бројки на новозаразени оваа ситуација може да трае и подолго, а со тоа се става под знак прашалник зачувувањето на работните места во ово овој сектор, што и е главната цел на антикри-зните мерки.

Наместо ваквите мерки да се носат навремено и преку консултации со угостителите, од Владата до пред самото носење на мерките убедуваа дека нема потреба од истите и дека ситуацијата е под контрола, па така од една страна ниту мерките беа навремени и ефикасни, а од друга страна и угостителите беа негативно изненадени бидејќи истите беа донесени без претходно да се има било каква информација стратегија за обесштетување.

Ваквото однесување на Владата кое континуирано се повторува е доказ за тоа зошто истата потфрли во секој аспект во справување со пандемијата и наместо однапред да се предвидуваат чекорите и мерките, превентивни мерки се превземаат откако веќе ќе настапат последиците.

Министерот за економија, Крешник Бектеши дури вчера попладнето најави дека ќе има некаква помош за објектите кои се затворени, но не прецизираше дали како ќе се одвива тоа велејќи дека мерките ќе бидат објавени дури следната недела, со што пак ги остави угостителите во неизвесност.

Коронавирус