петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Наместо отворање на преговорите со ЕУ, со аферата „Мафија“ Владата ја враќа Македонија 10 години назад

Наместо отворање на преговорите со ЕУ, со аферата „Мафија“ Владата ја враќа Македонија 10 години назад

Наместо да се спроведат реформи со кои земјата ќе се приближи кон ЕУ, Валадата предводена од премиерот Зоран Заев и покрај крупните ветувања во предизборието, постојано докажува дека ја уназадува земјата.

И покрај големите зборови и ветувања на премиерот, државата не доби датум за почеток на преговорите за влез во Европската унија, а од ден на ден се докажува и зошто е тоа така.

Македонија под владеењето на СДСМ ги живее најлошите години од осамостојувањето, а тоа го докажуваат и рангирањата на кои државата не постои дно кое го нема пробиено.

Македонија според извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ се најде на историски најлошото 111 место според индексот на корупција, а угледниот „Економист“ во ранг листата која ја објави за индексот на Демократија Македонија ја смести на поразителното 78-мо место класифицирајќи ја како хибриден режим.

Владата потврли во секој аспект и во справувањето со пандемијата, па се најде на трите најлоши места во светот според „Фајненшл Тајмс“ што се однесува на смртноста од КОВИД-19 во рок од седум дена на 100 илјади жители, а со пандемијата Македонија се најде во најлошите места во светот и според број на обезбедени вакцини.

Како капак на сите овие и многу други неуспеси на Владата, стигна и досега најкрупната афера „Мафија“ која беше обелоденета од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и во која се вели дека преставници на власта се вмешани во давање на македонски пасоши на најозлогласените и најопасни нарко-босови во светот.

Преку оваа афера, дамката која ја фрла врз државата како членка на НАТО и ризикот кој таа го преставува за губење на безвизниот режим, најдобро може да се види дека државата е вратена десетина години назад во времето кога се одлучуваше за воспоставување на безвизниот режим во 2009 година.

Коронавирус