петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 154
home Вести

„Наместо истрага и одговорност од институциите, власта на СДСМ-ДУИ се обидува да ја сокрие вистината за трагедијата во која загинаа 45 граѓани“

„Наместо истрага и одговорност од институциите, власта на СДСМ-ДУИ се обидува да ја сокрие вистината за трагедијата во која загинаа 45 граѓани“

Поминаа 11 дена од сообраќајна несреќа во Бугарија, а криминалната и неспособна власт СДСМ – ДУИ молчат и ја прикриваат вистината за оваа голема трагедија во која загинаа 45 луѓе. Властите во Бугарија веќе ги соопштија првичните информации од истрагата, а институциите во Македонија наместо истрага, си ја префрлаат одговорноста од една на друга. Како што пренесуваат бугарските истражители, автобусот кој без лиценца оваа година ја поминал македонската граница над 130 пати бил стар и репариран во Турција и дека целата опрема му е замената, а не се знае кои делови му се фабрички – оригинални, а кои не, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта молчи и не одговара дали е вистина дека автобусот фабрички бил наменет и регистриран за превоз на 49 патници, а потоа е зголемен капацитетот на 54 седишта.

– Нема одговори и за тоа кој ја има извршено хомологацијата – атестот на возилото и дали поради оваа промена автобусот не можел да добие лиценца за меѓународен транспорт? Целосен молк и од Спасовски и МВР, после признанието на директорот на Инспекторатот за транспорт, Хусеини автобусот на Беса транс не бил регистриран, а вршел меѓународен транспорт и поминувал граница. Јавноста не доби одговор на прашањето дали и колку пати досега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот за транспорт за недостатоците на автобусите на Беса Транс, а од страна на инспекторатот не било ништо преземено односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на Беса Транс, се посочува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека оваа трагедија го покажа нефункционалност систем кој владее во Македонија, оваа трагедија потврди дека во Македонија секоја една институција е раководена со низа пропусти во системот, со сомнежи за злоупотреби, со криминал и корупција

– Целата вина и одговорност лежи во институциите преводени од криминалната коалиција СДСМ-ДУИ. Одговорност за оваа трагедија мора да има, додаваат.

Коронавирус