сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

„Наместо да предлагаш полициски часови, набави вакцини – неспособни сте“ – граѓаните со остри реакции до Венко Филипче (ФОТО)

„Наместо да предлагаш полициски часови, набави вакцини – неспособни сте“ – граѓаните со остри реакции до Венко Филипче (ФОТО)

Откако долг период тврдеше дека состојбата е под контрола и дека нема потреба од нови мерки, министерот за здравство Венко Филипче, изгледа конечно убаво ги разгледа извештаите кои сам ги објавува на дневна основа.

Се соочи со големиот број на заразени и починати лица, поразителната статистика и нефункционирањето на здравствениот систем, па конечно реши нешто да превземе. Но, чекорот кој го превзема, наиде на осуди од македонските граѓани.

-Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19, напиша Филипче.

Имено, беше предложен полициски час кој ќе почнува од 22 часот, за што граѓаните коментираат дека нема да има никаков ефект и дека оваа мерка не е доволна.

Дел од реакциите на граѓаните на Фејсбук статусот на Филипче, погледнете го во продолжение:

 

Коронавирус