сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Наместо да подава рака на опозицијата за борба против корупцијата, Николовски да започне од самиот себе

Наместо да подава рака на опозицијата за борба против корупцијата, Николовски да започне од самиот себе

Состојбата во државата е се полоша од ден на ден во секое поле. Пред само неколку недели и Извештајот на Транспаренси Интернешнл го потврди тоа каде се гледа дека Македонија е на 111 место по индексот на перцепција на корупција односно неколку места подолу за разлика од претходната година.

Вицепремиерот задолжен за борбата против корупцијата, Љупчо Николовски кој очигледно не работи ништо за борба против корупцијата посочи дека ова е антикорупциска година, но и подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка борба против корупцијата.

-Деинсталација на режимот значи широка акција на сите нивоа на политика и на сите нивоа на власт, од ослободување на Владата од режимските стеги, преку прекинување на ланецот реваншизми, па сѐ до прочистувањето на судството. Тоа е и нашата најнова иницијатива за поттикнување, демократски исчекор кај ВМРО-ДПМНЕ, преку заедничко дејствување за напредокот на државата. Тоа е шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ.Имаме План, имаме политичка волја, влеговме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Време е за акција, за правда, се вели во интервјуто на Николовски за МИА.

Но наместо Николовски да вели дека подава рака на ВМРО-ДПМНЕ за борбата против корупцијата прво треба да почне од самиот него и функционерите во власта. За ова обвини и поранешниот генерален секрета на ВМРО-ДПМНЕ, сегашен пратеник во Собранието каде посочи дека СДСМ и Николовски не подаваат рака за доброто на граѓаните, туку за да излезат од глупостите и криминалот кои го направија.

„Не Николовски, вие не подавате рака за доброто на граѓаните. Вие барате рака за излез од глупостите и криминалот кои ги направивте и правите.А, го направивте поради тоа што не водевте грижа за граѓаните во пандемија, туку мислевте на вашите џебови, па ги полневте со милиони, додека народот губи работни места, а вие уживавте во народните пари, притоа оставајќи го народот на питачки стап.Оние кои се декларираа како ВМРО, а беа/се полни со криминални досиеја, ви станаа коалиција, со нив слободно продолжете да си терате. Со нас рака нема, ние со криминалци не преговараме.А, кога сме веќе кај “рацете”, ќе те потсетам само дека долга е раката на ВМРО! Ќе си лежите за се, ама ние не даваме лажни ветувања како вас“, се вели во Фејсбук статус на Јанушев.

Коронавирус