среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Наместо да ги враќа парите кај граѓаните и фирмите, оваа влада на Заев ги зголемува даноците, ги задолжува граѓаните и ги троши непродуктивно буџетските пари“

„Наместо да ги враќа парите кај граѓаните и фирмите, оваа влада на Заев ги зголемува даноците, ги задолжува граѓаните и ги троши непродуктивно буџетските пари“

Наместо да ги враќа парите кај граѓаните и фирмите, оваа влада предводена од Заев ги зголемува даноците, ги задолжува граѓаните и ги троши непродуктивно буџетските пари!, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лошите резултати од катастрофалните економски политики на оваа Влада веќе се евидентни насекаде.
Новиот крах на антибизнис Влада предводена од Заев е намалување на повртат на ДДВ кон фиримите
Имено, во најновиот извештај на МФ без никакво образложение се наведува дека повртот на ДДВ кон фирмите во првите четири месеци оваа година е за 2.3% помал во однос на повратот кој бил извршен во истиот период лани во услови кога државата собрала повеќе пари по однос на ДДВ.
Постојат две логични образложенија за тоа:
1) Ликвидноста на Буџетот е сериозно загрозена и покрај тоа што Владата ги зголеми даноците и континуирано се задолжува
2) Заев ги жртвува домашните фирми и целиот приватен сектор за да може да ги реализира своите непродуктивни популистички трошења.