недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

Наместо членството, во СДСМ се зголемува стравот и паниката- низок број на граѓани го ажурирале членството

Наместо членството, во СДСМ се зголемува стравот и паниката- низок број на граѓани го ажурирале членството

По се изгледа дека иновативноста и креативноста не се баш јака страна на владејачката партија СДСМ, па откако се испофалија со проекти од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ единствено им преостанува да ги копираат партиските проекти од опозициската ВМРO-ДПМНЕ.

Имено станува збор за повикот за ажурирање на партиското членство. Ваков повик најпрво уште во ноември 2018 година имаше ВМРО-ДПМНЕ кога тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција по одржана седница на Централниот комитет соопшти дека е донесена одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата.

Две години подоцна, најверојатно носејќи се од помислат дека граѓаните заборавиле, и СДСМ донесе одлука за ажурирање регистрација на партиското членство. Но, од она што го објавуваат медиумите ажурирањето се одвива со многу слаб интензитет и до сега се ажурирале едвај 40.000 членови.

Ваквиот податок го потврди и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој изјави дека според последните информации се ажурирале 40.000 членови а дополнително го мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат.

Имено, Николовски отиде и малку подалеку па во време на корона пандемија кога баш владата на СДСМ носи ригорозни мерки за граѓаните, Николовски од однапред договорени семејства посетува и се фотографира со нив, прикажувајќи дека наводно се премногу задоволни, но бројките го покажуваат сосема спротивното.

Последните информации покажуваат дека ажурирани се над 40.000 члена, а мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат. СДСМ победува затоа што постојано се менува, вели Николовски на вчерашниот состанок со градската организација на СДСМ.

Но, прашањето е дали навистина се зголемува членството на СДСМ, со оглед дека многу мал на граѓани до сега се ажурирале а Социјалдемократскиот сојуз е владејачка партија веќе четврта година.

Нашиот извор вели дека во СДСМ владее паника од ваквиот досегашен резултат, посочувајќи дека се изненадени што од стартот на новиот мандат за само скоро шест месеци почнале да ја губат довербата и поддршката кај граѓаните, како и дека понатаму владее несогласувања помеѓу таканареченото скопско и струмичко крило.

Владее многу негативна енергија и незадоволство во партијата. Поделени сме во две крила, едните бараме да се преиспитаат одлуките на премиерот Заев и владата, другите што се негови блиски соработници му даваат поддршка. Не изненади и сознанието дека многу мал број партиски членови се регистрираат и го ажурираат своето членство а ние сме владејачка партија, по логика на нештата би требало да ги добиеме и неопределените, а ние нашите не можеме да ги задржиме. Но, како и да е, со сигурност можам да кажам дека Заев ја губи поддршката од граѓаните, но и од членството, брифира висок партиски функционер на СДСМ.

Медиумите и претходно пишуваа дека Зоран Заев полека, но сигурно го губи тронот во СДСМ, а по најавите на опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека можна е промена во парламентарното мнозинство се појасно станува дека наместо членството во СДСМ, се зголемува стравот и паниката.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија