петок, 5. март 2021. Вести денес: 89
home Вести

Наместа влажни коловози на патиштата, остатоци од снег на повисоките места

Наместа влажни коловози на патиштата, остатоци од снег на повисоките места

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со помали остатоци од снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус