вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Намалени водостоите на реките во Македонија

Намалени водостоите на реките во Македонија

Водостоите на Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун се за повеќе од четири пати пониски од вообичаениот за јануари, а речиси тројно пониско ниво од просечното има и Црна Река кај Новаци.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок водостој од вообичаениот имаат речиси сите останати реки во Македонија, со исклучок на Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Демир Капија каде е забележано повисоко ниво од вообичаеното.

Водостоите, пак, на природните езера во Македонија се во рамките на просекот за овој месец.

Коронавирус